Top Sport

Стам:  Јунајтед ја искористија мојата биографија да ме продадат

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Јап Стам вели дека контроверзите околу неговата книга „Хед-то-хед“ бил само изговор клубот да го продаде.

Стам имаше одлични три сезони со Јунајтед под Сер Алекс Фергусон од 1998 до 2001 година, освојувајќи три титули од Премиер лигата, ФА куп и трофеј од Лигата на шампиони, но си замина во Лацио по контроверзите во медиумите произлезени од неговата биографија во која се тврдеше дека Фергусон имал контакти со него без дозвола на неговиот тогашен клуб, ПСВ Ајндховен.

„Јунајтед го искористија тоа. Беше тешко да се каже: ’Сега ќе го продадеме Јап’ без причина, и јас им дадов една. Подобро е да се биде искрен. Но, не го очекував тоа. Победувавме, односно газевме и знаевме дека сите се плашат од нас. Имавме чувство на непобедливост и не помислив дека ќе си одам. Уште повеќе бев шокиран од тоа како англиските медиуми го пренесоа тоа. Испаднав негативец“, вели 46-годишниот Холанѓанец, кој од неодамна е тренер на ПЕЦ Цволе во Ередивизие.

Scroll to Top