Top Sport

Фениер со првата победа во кариерата во Гармиш (видео)

Австријката Штефани Фениер имаше фантастична трка за да ја освои својата прва победа од Светскиот куп во алпско скијање, победувајќи на спустот во Гармиш-Партенкирхен, Германија пред олимписката шампионка, Италијанката Софија Гоџија.

Австријката имаше време од 1:37.46 за да биде подобра од 0.25 секунди пред Гоџија, која беше втора и во саботната супер-џи трка и ја чека својата прва победа по враќањето од повредата, додека трета беше Германката Кира Видле.

Словенката Илка Штухец, која ќе ја брани светската титула во спуст оваа година, беше петта најбрза во Гармиш, додека Линдзи Вон и лидерката во генерален пласман, Микаела Шифрин не учествуваа на трката за да се подготват за Светското првенство.

Фото: ЕПА



Scroll to Top