Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Јап Стам смета дека неговиот холандски сонародник, Ерик Тен Хаг е способен да го „среди“ Хери Мегваер во одбраната на „ѓаволите“ по кошмарната сезона за англискиот фудбалер.
29-годишниот Мегваер постојано беше критикуван за слабата форма за „ѓаволите“ откако стана најскапиот дефанзивец во историјата по трансферот од Лестер, со тврдења дека треба да му биде одземена капитенската лента. Стам вели дека не мора да биде така.
„Уште мислам дека Хери е добар фудбалер. Добар дефанзивец. Морате да сфатите дека секој фудбалер, вклучувајќи ме и мене, поминува низ тешки моменти, кога самодовербата е на нисоко ниво и само правите грешки. Кога чините 100 милиони фунти и правите грешки, секако, притисокот се зголемува. Тој имаше и добри мечеви оваа сезона. Сега, со нов тренер, со научени лекции од оваа сезона, знае што треба да направи. Можеби со други фудбалери покрај него, или пред него, ќе биде многу поинаку. Можеме да видиме сосема поинаков фудбалер следната сезона“, вели Стам.