Top Sport

Истрага во Србија за ракометен меч кој завршил со резултат 86:15

Ракометниот сојуз на Србија (РСС) потврди дека поднеле документација до полицијата и до обвинителството, откако меч во Првата женска лига на Војводина, помеѓу Темерин и Раванград завршил со неверојатен резултат 86:15.

Постојат сомнежи дека точниот резултат е „наместен“ за Темерин да ја освои титулата благодарение на гол-разликата.

„На итниот состанок на РСС се анализираа резултатите од Првата ракометна лига на Војводина, поточно мечот помеѓу ЖРК Темерин и ЖРК Раванград, кој заврши со резултата 86:15 (43:5) и ЖРК Мокрин – РК Рума, кој заврши со резултат 18:7 (6:33). Бидејќи ЖРК Темерин и РК Рума се бореа за влез во втората лига на Србија и имаа ист број на поени, гол-разликата ќе одлучува за шампионската титула. Се донесе одлука за поднесување на кривична пријава, и работите сега ќе ги утврдува МВР и обвинителството“, се вели во објавата на РСС.

Scroll to Top