Top Sport

Станковиќ признава дека работата со Сампдорија била „самоубиствена мисија“

Дејан Станковиќ потврди дека следната сезона нема да биде на клупата на Сампдорија, опишувајќи ја својата работа како „самоубиствена мисија“ и признавајќи дека фокусот бил во спасот на клубот од банкрот, а не опстанок во елитата.

Српскиот тренер наследи катастрофална состојба кога ја презеде позицијата од Марко Џампаоло на 6 октомври и работите не се подобрија – Самп имаше 3 победи, 8 ремија и 18 порази под него за да заврши на последното место на табелата. Сепак, навивачите се охрабрија со вестите дека газдата Масимо Фереро ја прифатил понудата за преземања на клубот од газдата на Лидс јунајтед, Андреа Радрицани, така што ќе можат да се регистрираат во Серија Б следната сезона, наместо да банкротираат и да паднат во аматерските лиги.

„Тешка сезона во секој аспект. Клубот мораше да направи одлука. Да се обидат да спречат Сампдорија да оди во Серија Б или да се обидат да го спасат клубот. Вистинската одлука беше да се спаси Сампдорија, за сите фанови, вклучувајќи ме и мене. Научив како да го сакам, да го бранам клубот и им се заблагодарувам на сите. Никогаш нема да ги заборавам овие осум месеци, во кои фановите беа единствено светло во бескрајниот тунел. Според професионалноста, работите се влошија од моето пристигнување и беше многу тешко. Кога си на самоубиствена мисија, мораш да се согласиш со тоа што го правиш“, вели Станковиќ.

Scroll to Top