Top Sport

Циципас закажа мега-дуел со Алкараз

Стефанос Циципас закажа мега-дуел со светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз во четврт-финалето на Ролан Гарос, откако без проблеми со 7:5/6:3/6:0 го совлада Австриецот Себастијан Офнер.

Откако Алкараз стигна до убедлива победа во три сета против Лоренцо Мусети, Циципас одговори со доминантен меч, губејќи само еден брејк на патот до лесната победа. Офнер најдоброто го покажа во првиот сет, кога имаше шанси да го освои тај-брејкот, по што неговата игра се „распадна“.

24-годишниот Циципас заврши со 27 директни победнички топки и само 12 неизнудени грешки во мечот од 1 час и 48 минути. Тој нема загубено сет од првото коло против Јиржи Весели и стигнува до третото четврт-финале во последните четири години во Париз.

Scroll to Top