Дејан Станковиќ и од третиот обид на успа со Црвена звезда да избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. Црвена Звезда синоќа испушти предност од 2:0 и со авто-гол во 90.минута беше елиминирана од Макаби Хаифа.
Разочаран од елиминацијата, Станковиќ самиот се прашува дали е доволно добар тренер за Црвена звезда.
„Кога нема да го постигнете посакуваниот резултат тогаш се отвораат многу прашања. Дали јас сум воопшто тренер за Црвена звезда. дури и за клупата на Црвена звезда. Ако сум само јас виновникот за овој неуспех подготвен сум да ги сносам последиците. Немам проблем да прифатам каква било одлука на клубот бидејќи дадов се од себе“.
Црвена звезда европскиот пат ќе го продолжи во Лига Европа. Противниците во групата ќе ги дознае во петок.