Top Sport

Станковиќ: Ги криев цигарите од Михајловиќ!

Не е тајна дека голем дел од професионалните фудбалери се активни пушачи. Еден од нив бил и поранешниот играч на Лацио и Интер, актуелен тренер на белградска Црвена Звезда, Дејан Станковиќ.

Тој при гостување на српска телевизија раскажа интересни детали поврзани со неговата кариера. Еден од интересните податоци е дека Станковиќ во младоста бил пушач, а тоа го правел и во периодот кога стигнал во Рим, во редовите на Лацио.

Станковиќ рече дека морал да ги крие цигарите од неговиот соиграч во тимот, воедно и кум, Синиша Михајловиќ.

„Ги криев цигарите од Синиша Михајловиќ. Делевме иста соба и од почит кон него, не запалив ниту една на подготовките“ – рече Станковиќ.

Scroll to Top