Top Sport

Роналдо: Не ме почитуваа во Барселона, затоа отидов во Интер!

Беше фудбалска икона на деведесетите години, миленик низ целата планета, но повредите го спречија да заблиска на фудбалското небо.

Бразилецот Роналдо и покрај сите малери во кариерата, е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. По цели 22 години одлучи да раскаже зошто дресот на Барселона го носеше само една сезона.

„Не ме почитуваа доволно во Барселона. По одличната сезона ми понудија нов договор, кој навистина не беше доволен. Стигна понудата од Интер и одлучив да ја прифатам. Во Милано ми покажаа колку ме почитуваат, затоа што ми дадоа се што побарав“ изјави Роналдо.

Легендарниот Бразилец на „Ноу Камп“ дојде од редовите на ПСВ Ајндховен, летото 1996 година. Веднаш заблеска и таа сезона во дресот на каталонскиот гигант постигна 47 гола на 49 натпревари.

Сепак веќе следното лето отиде во Милано, во Интер. Го собори тогашниот рекорд и за 28 милиони евра се пресели на „Џузепе Меаца“. За „Нероазурите“ одигра 98 меча и постигна 59 гола.

Во тој период имаше две тешки повреди на колената.

Scroll to Top