Top Sport

Станковиќ ја презеде Сампдорија

Италијанската Сампдорија го официјализираше доаѓањето на Дејан Станковиќ на тренерската позиција.

Станковиќ, за плата од 700.000 евр ќе го води тимот до крајот на сезоната. Доколку избори опстанок во Серија А, неговиот договор автоматски ќе биде продолжен и ќе добие бонус од 400.000 евра.

Сампдорија по осум кола е последена на табелата со само два бода, четири помалку од најблискиот тим од сигурната зона , Болоња.

„Ситуацијата не ме плаши, доволна ми е клупската историја. Задоволен сум од играчите со кои располагам“, изјави Станковиќ пред промоцијата во Џенова.

Младиот тренер, на крајот на август поднесе оставка во Црвена звезда, бидејќи не успеа да го мине Макаби во плејофот за пласман во фазата по групи, во Лигата на шампионите.

Станковиќ ќе дебитира во понеделник од 18:30 часот, против Рома, на чија клупа седи неговиот поранешен тренер од Интер, тренер Жозе Мурињо.

Scroll to Top