Дејан Станковиќ ќе остане во Црвена звезда. Српските медиуми објавија дека тренерот донел одлука да остане на функцијата до крајот на сезоната.
Станковиќ, одлуката да остане на Рајко Митиќ“ стадионот, ја донел во текот на вчерашниот ден, по разговорот со сопругата Ана.
Ден претходно, италијанските медиуми, тврдеа дека Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија. Овој клуб и во текот на летниот преоден рок беше заинтересиран за младиот стратег.
Целта на Станковиќ била да ја одбрани титулата во домашниот шампионат и да направи исчекор во Лига Европа, минатата сезона Црвена звезда испадна во 1/16 финалето.