Поранешниот играч од средниот ред на Интер, Србинот Дејан Станковиќ вели дека е импресиониран од добриот состав на „нераѕурите“, но признава дека во Италија сите клубови играат за второ место.
По слабиот старт на сезоната, тимот на Лучано Спалети има седум победи во низа и Станковиќ е задоволен.
„Тоа е убава серија, и ја очекував порано или подоцна. Се работи за добро составен тим кој станува подобар со секој нареден натпревар и кој не се плаши од предизвици. Маурио Икарди е голем играч и станува подобар. Клупата е посилна, а сите засилувања се на свое место. Очекувам повеќе од Матео Политано и Роберто Гаљардини“, оценува Станковиќ.
Сепак, титулата тешко дека ќе дојде на „Џузепе Меаца“.
„Скудетото? Јас сум реален човек и Јувентус играат во друга лига од сите други. Сите други италијански клубови играат за второто место. Сега следува дербито со Милан и навистина не можам да предвидувам. Но, ќе биде убаво бидејќи и Милан се разбудија“, додава Станковиќ.