Top Sport

Станковиќ нема да добие отказ

Дејан Станковиќ нема да добие отказ во Сампдорија. Спрскиот стратег, не успеа да забележи победа на досегашните четири натпревари во Серија А.

Директорот на Сампдорија, Марко Лана, го објасни статусот на Станковиќ во тој клуб.

„Помина еден месец откако Станковиќ ја презеде Сампдорија, но не успеа значително да ја промени ситуацијата во клубот, но сепак нема да добие отказ. Дејан имаше други опции, тој не избра нас и ја заслужува сета поддршка. Во јануари ќе работиме на засилувања“, изјави Лана.

Се очекува Сампдорија во преодниот рок да се засили за најмалку двајца или тројца играчи. Сампдорија моментално е на претпоследното место на табелата со шест бодови.

Scroll to Top