Јувентус ја совлада последнопласираната Сампдорија со 4:2 во последниот натпревар од 26. коло во Серија А.
Јувентус водеше со 2:0, но играчите на Дејан Станковиќ постигнаа два гола за само 70 секунди. Победникот го реши голот кој Адриен Рабиот го постигна во 64. минута за победа, а конечниот резултат во 94.минута го постигна Матијас Суле.
Тренерот на Сампдорија, по мечот го коментираше голот на Рабио, смета дека фрнацускиот фудбалер играл со рака.
„Ако судијата и ВАР велат дека немало играње со рака, тогаш им верувам, но… Видете, можете да го гледате видеото 20 пати и сепак ќе го видите играње со рака. Верувам дека судиите и ВАР видоа дека е во ред, ако тоа е она што го видоа. Ве молам, можеме да прифатиме некои работи, но само до одредени граници. Не сакаме да не прават будали“, рече Станковиќ.