Top Sport

Станковиќ од Интер ќе го донесе синот во Црвена звезда

Филип Станковиќ, синот на тренерот на Црвена звезда Дејан Станковиќ кариерата ќе ја продолжи во овој клуб. Како што пишуваат српските медиуми Станковиќ јуниор во редовите на Црвена звезда би настапувал како позајмен играч од Интер.

Филип Станковиќ пред неколку дена потпишал нов четири годишен договор со Интер. Планот на неговиот татко е тој во Црвена звезда да собира искуство покрај првиот голман Милан Борјан.

Станковиќ јуниор оваа сезона бранеше стандардно за Интер во Примавера, а неколку пати му беше и резерва на Самир Хандановиќ во Серија. Стручњаците на младиот голман му предвидуваат блескава иднина.

18 годишникот брани и за младите селекции на Србија.

Филип Станковиќ во Црвена звезда ќе дојде на местото на резервниот голман Зоран Поповиќ кој како слободен играч ќе се пресели во Левски.

Scroll to Top