Top Sport

Македонија и Полска ќе добијат покани за настап на СП

Првиот човек на Светската ракометна федерација (ИХФ) Хасан Мустафа потврди дека ракометниот Мундијал ќе се одржи во Египет наредната година од 14 до 31 јануари. Тој информира дека наскоро ќе бидат познати и репрезентациите кои ќе добија специјални покани за настап на првенството.

Светското првенство во Египет ќе биде првото на кое ќе учествуваат 32 репрезентации. Бидејќи поради пандемијата на коронавирусот ИХФ ги откажа бараж натпреварите за пласман се уште не се познати сите учесници.

ИХФ ќе дели специјални покани, а од Европа две селекции ќе добијат вајлд-карти за настап во Египет. Во конкуренција за двете покани се пет репрезентации, една од нив е и Македонија.

Покрај Македонија вајлд-карта од ИХФ бараат уште Полска, Србија, Русија и Црна Гора.

Според медиумите најголеми шанси од ова друшво да добијат покани од ИХФ имаат Полска, земја во која ќе се одржи Светското првенство во 2023 година и Македонија, мали шанси им се даваат на Русија и Србија, додека Црна Гора, барем според овие извори нема никакви шанси да добие покана за настап на СП во Египет.

Scroll to Top