Top Sport

Станковиќ си замина од Црвена звезда, Милојевиќ е новиот тренер

Црвена звезда потврди дека по неуспехот да ја однесе Црвена звезда во групната фаза на Лигата на шампиони, Дејан Станковиќ си поднел оставка од позицијата тренер на тимот, и ќе биде заменет со Милош Милојевиќ, тренерот кој му беше помошник на Станковиќ од 2019 до 2021.

„Црвена звезда е мојата огромна љубов, емоција која не се опишува. Сега, по третиот обид да ја внесам во Лигата на шампионите се чувствувам целосно празно, бидејќи на мојата најголема љубов не бев во можност да и го дадам тоа што најмногу го посакувам. Не можам повеќе. Дадов многу, сега некој друг треба да се обиде. Овие три години ми беа најдобрите во мојот фудбалски живот. Нешто што миго изгради карактерот и ме направи подобар и поквалтитетен. Благодарност до фудбалерите, управата и навивачите. Благодарам за прекрасното време на ‘Маракана’. Сигурен сум дека годините на успехсе пре клубот, а јас секогаш ќе бидам за мојата Звездасо цело срце“, вели Станковиќ, кој претходно со Звезда ја потврди двојната титула во Србија минатата сезона.

Scroll to Top