Top Sport

„Старата дама“ најмногу заработува од ТВ правата

Најголемите европски клубови речи егзистираат од парите што заработуваат од продажбата на телевизиските права. Најмногу пари од ТВ правата се слеваат во касата на Јувентус, што е мало изненадување, бидејќи на врвот го нема Реал Мадрид, тим што освои четири трофеи во Лигата на шампионите во последните пет години.

Јувентус, во последните пет години, само од ТВ правата, заработил 406 милиони евра, што е 46 мииони евра повеќе од она што го заработил Реал Мадрид.

На третото место е ПСЖ (299 милиони евра), па следуваат Баерн (284), Манчестер јунајтед (279).

Кога станува збор за најдобрите националните првенства, на врвот е Премиер лигата. Англискиот шампионат го гледаат 4,7 милијарди луѓе, а лигата од продажбата на Тв прават годишно заработува 2,2 милијарди фунти.

Scroll to Top