Top Sport

Сити нема да купува во зимскиот преоден рок

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потврдил дека клубот нема да биде активен во зимскиот преоден рок. Многумина очекуваа дека Сити ќе пазари во јануарскиот преоден рок, во обид да донесе замена за повредениот Менди.

Манчестер сити не беа премногу активни ниту во претходниот, летен преоден рок, бидејќи во клубот пристигна само Алжирецот Ријад Марез.

Гвардиола на позицијата лев бек, каде што игра Менди, ќе ја покрива со Фабијан Делф и Олександер Зивченко, иако тоа не е нивната природна позиција.

„Не, не, нема да трошиме пари. Задоволен сум од она што го имам, некои играчи ќе се вратат, што значи дека немаме потреба од нови фудбалери“, рекол Гвардиола.

Scroll to Top