Монако и Ница одиграа 1:1 во луд меч од 18. коло од француската Лига 1, во пресметка на поранешните колеги од Арсенал и од француската репрезентација, кои се сега тренери на тимовите – Тјери Анри на Монако и Патрик Виера на Ница.
A couple of old friends get reacquainted. ?
The Vieira-Henry Derby between Monaco and Nice is underway!
? https://t.co/QlaIPtADzN pic.twitter.com/bV6JfxgH8A
— DAZN CA (@DAZN_CA) January 16, 2019
Ница дојде во водство по половина час игра, но до крајот на полувремето остана со играч помалку поради црвениот картон на Ихсан Сако. Бадиашиле израмни за домаќините во 50. минута, но гостите треба да жалат што не ги освоија трите поени, откако Сен-Максим утна пенал во 77. минута.
Ница е на високото шесто место на табелата, додека Монако остануваат претпоследни со само 15 поени.
ЛИГА 1, 18.КОЛО
Генгамп – Рен 2:1
Монако – Ница 1:1
Ним – Нант 1:0
Тулуз – Лион 2:2