Top Sport

Џирона го исфрли Атлетико од купот по неверојатното 3:3 реми! (видео)

Атлетико Мадрид е исфрлен во четвртото коло на Копа дел Реј, откако Џирона успеа да стигне до неверојатно 3:3 реми на „Ванда метрополитано“, резултат доволен за пласман во осминафиналето по 1:1 ремито на домашен терен.

А сè започна одлично за „јорганџиите“, откако „отпишаниот“ Никола Калиниќ ги донесе во водство уште во 12. минута од мечот по одличната долга топка. До полувремето, Џирона успеа да израмни преку Валери Фернандез во 37. минута, пред во 59. минута Кристијан Стуани да им донесе неочекувано водство.

Сепак, Атле се врати во игра – прво преку Кореа во 66. минута израмни на 2:2 (резултат кој уште не им одговараше), пред Антоан Гризман во 84. минута да донесе 3:2 водство. Човек на одлука беше, Сејду Думбија, кој во 88. минута го постигна одлучвачкиот гол.

Со ова, Џирона  покрај пласманот понатаму стана првиот тим кој постигнал три гола на гости на новиот стадион на Атлетико, „Ванда метрополитано“.


Scroll to Top