Top Sport

Старите пријатели Анри и Виера без победа во првиот тренерски дуел (видео)

Монако и Ница одиграа 1:1 во луд меч од 18. коло од француската Лига 1, во пресметка на поранешните колеги од Арсенал и од француската репрезентација, кои се сега тренери на тимовите – Тјери Анри на Монако и Патрик Виера на Ница.

Ница дојде во водство по половина час игра, но до крајот на полувремето остана со играч помалку поради црвениот картон на Ихсан Сако.  Бадиашиле израмни за домаќините во 50. минута, но гостите треба да жалат што не ги освоија трите поени, откако Сен-Максим утна пенал во 77. минута.

Ница е на високото шесто место на табелата, додека Монако остануваат претпоследни со само 15 поени.

ЛИГА 1, 18.КОЛО

Генгамп – Рен 2:1

Монако – Ница 1:1

Ним – Нант 1:0

Тулуз – Лион 2:2

Scroll to Top