Одлучувачката борба помеѓу Аталанта и Вилјареал за второто место во групата Ф на Лигата на шампионите и место во осминафиналето е одложена за утре , откако англискиот судија Греем Тејлор одлучи дека поради силниот снег нема услови за игра на „Гевис“ стадионот во Бергамо.
Вилјареал пред мечот има 7 поени, додека Аталанта се втори со 6 поени, но подобра гол-разлика, така што на италијанскиот клуб му е доволно и реми за осминафинале на ЛШ.