Челниците на Интер деновиве во Велика Британија ќе ги започнат преговорите со колегите од Манчестер Јунајтед во врска со трансферот на Ромелу Лукаку.
Интер од почетокот на преодниот рок се поврзува со белгискиот напаѓач, меѓутоа ниту една понуда не ги задоволи барањата на Манчестер Јунајтед. „Скај Спорт“ објави дека „црвените ѓаволи“ за својот напаѓач бараат 75 милиони фунти.
Лукаку по завршувањето на сезоната кажа дека сака да го напушти „Олд Трафорд“. Тој во моментов со Јунајтед се наоѓа на турнејата по Австралија, Сингапур и Кина.
Белгиецот е играч на Јунајтед од 2017 година, тој има одиграно 96 натпревари на кои постигнал 42 гола.