Top Sport

Статистиката го „убива“ Кепа

Челси со победа во Брајтон (3:1) ја започна новата сезона во Премиер лигата. „Сините“ не импресионираа на овој натпревар, во одбраната ги покажаа сите слабости со кои се соочуваа минатата сезона.

Повторно најмногу критикуван е голманот Кепа Аризабалага. Англичаните се мајстори за статистиката, пресметале дека од финишот на минатата сезона, дуелите со Ливерпул 5:3 и Шефилд Јунајтед 3:0, и овој натпревар со Брајтон, Кепа, официјално најскапиот голман во историјата на фудбалот, од 13 удари кон неговиот гол примил девет голови.

Scroll to Top