Top Sport

Шоу на Пер во Рим

Беноа Пер и неговото дивеење го обележа првиот ден на мастерсот во Рим. Пер ден претходно им се „заблагодари“ на Твитер на организаторите што не ја прифатиле неговата молба да игра во вторник.

Тој најавил дека лут поради дисквалификацијата од Ју-Ес опен поради позитивниот тест на коронавирусот.

„Имав само едно барање, да играм во вторник. Сакав да има ден повеќе се тренирање по се она што ми се случи на Ју-Ес опен. Бидејќи мојот противник е од Италија ме ставивте да играм во понеделник“, порачал Пер.

На теренот тој приреди шоу, два пат го фрлаше рекетот, еднаш можеше и судијата да настрада, поради вулгарностите што ги кажуваше на француски доби опомена, бараше медицинска помош, се расправаше со судијата…

Јаник Синер забележа победа за 64 минути 6/2, 6/1.

„Немам играно десет дена, седев во собата. Тоа беше добра тренинг. среќен сум што успеав да играм еден час. Јаник одигра добро“, рекол по поразот Беноа Пер.

Scroll to Top