Фудбалската репрезентација на Македонија, против Ерменија и Исланд, ќе го заврши квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонија, во последните две кола мора да победи и да очекува кикс на Романија, против Исланд, за да го освои второто место во групата. Слично размислуваат и Ерменците, посакуваат кикс на Романија, но имаат потешка работа во последните две кола, покрај со Македонија тие ќе играат и со Германија.
Од Ј-групата, Германија веќе избори пласман на Мундијалот во Катар. На табелата втора е Романија со 13 бода, еден повеќе од Македонија и Ерменија.
Утре од 18 часот, Ерменија и Македонија ќе го одиграат деветтиот меѓусебен натпревар. Во претходните осум натпревари, двете репрезентации забележале по три победи, два натпревари завршиле без победник. Македонија има гол разлика 15:10, Ерменија 8:11.
Пола од овие голови Ерменците ги постигнаа во нивната најголема победа над Македонија. На 16.октомври 2018 година, во Ереван, резултатот беше 4:0.
Статистиката од овие осум натпревари ја фаворизира Македонија, со поголем посед на топката, поголем број креирани шанси за гол.
Последниот дуел го одиграа во овој квалификациски циклус. На 2.септември во Скопје, натпреварот заврши без победник.
ФОТО/FFM.MK