Градските власти на Малме решија да ја дислоцираат статуата на Златан Ибрахимовиќ која е поставена пред стадионот во Малме.
Бронзената статуа која чини 50.000 евра и која е тешка 500 килограми навивачите на Малме започнаа да ја сквернават кога Ибрахимовиќ реши да влоши пари во нивниот најголем ривал Хамарби.
Градските власти на Малме ќе ја преместат статуата. Се уште не се знае каде таа ќе заврши. Според шведските медиуми ќе биде префрлена во Стокхолм на имотот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја.