Top Sport

Сте виделе ли „олимписки гол“?

Постигнување на гол од корнер е многу ретко во светот на фудбалот и се смета за достигнување кои може да го направат само најдобрите (како Артим Шаќири против Англија), но голот од вчерашниот меч во Копа Судамерикана е навистина нешто посебно.

На мечот помеѓу Барселона Гвајакил од Еквадор против Монтевидео вондерерс од Уругвај, Аргентинецот Дамијан Дијаз забележа дека противничкиот голман Игнсио де Аруабарена е далеку од гол линијата и се реши на обид да го изненади.

Ваков гол во јужноамериканските земји се нарекува „олимписки гол“ и досега единствен славен „олимписки гол“ го постигна Роберто Карлос за Коринтијанс против Португуеса во бразилскиот шампионат во 2011.

Scroll to Top