Top Sport

Стефан Ристовски е најпродуктивен фудбалер во првенството на Хрватска

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, доби големо признание од институтот „ЦИЕС Фудбал“ кој го прогласи за најпродуктивен фудбалер во првенството на Хрватска.

ЦИЕС објави опсежна анкета во 32 европски лиги за најдобрите поединци во 15 различни статистички категории. Кога е Хрватска во прашање, најефективен фудбалер во шампионатот е капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски.

Тој создава најмногу шанси за гол со додавања и центаршутеви, информира „ЦИЕС Фудбал“.

Меѓу најдобрите 15 играчи во различни категории во првенството на Хрватска се шестмина фудбалери на Динамо Загреб, по тројца играчи на Хајдук и на Осијек, двајца играчи на Ријека и еден играч на Шибеник.

Scroll to Top