Top Sport

Стефан Ристовски избран во идеалниот тим на првенството на Хрватска

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, третпат во кариерата е дел од идеалниот тим во првенството на Хрватска, според изборот на Синдикатот на прифесионални фудбалери во оваа земја.

Македонскиот репрезентативец заслужи место во најдобрите 11 со одличните игри во дресот на „модрите“ во изминатата сезона 2021/2022.

Стефан Ристовски претходно беше дел од најдобриот тим во Хрватска и во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 кога беше член на Ријека.

Scroll to Top