Top Sport

Стефан Ристовски влезе во „Клубот 100“ на Динамо Загреб

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, доби подарок од Динамо Загреб пред почетокот на натпреварот со Шибеник.

Клубот на Ристовски му подари врамен дрес со бројот „100“, што ги симболизира натпреварите кои Стефан Ристовски ги одигра за „модрите“.

Подарокот на Ристовски му го предаде некогашниот играч на Динамо Загреб, Миливој Брачун.

 

Scroll to Top