Top Sport

Стефан Савиќ тргна по „Патеката на легендите“

Стефан Савиќ во Атлетико Мадрид пристигна во 2015 година од Фиорентина, а три години подоцна искусниот Црногорец се стекна со статус на легенда на клубот од „ванда Метрополитано“.

Савиќ во дербиот против Реал го одигра својот 100.натпревар во дресот на Атлетико, поради што во наредните денови неговото име и презиме ќе бидат врежани на „Патеката на легендите“, која се наоѓа на новиот стадион на Атлетико.

Савиќ вечерва со Атлетико гостува во Лисабон кај Спортинг во четврт-финалниот реванш, во Лига Европа.

Првиот натпревар во Мадрид заврши со победа на Атлетико 2:0.

Scroll to Top