Top Sport

Стефан Спировски постигна гол во триумфот на Пјуник

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски постигна гол првенец за Пјуник оваа сезона во првенството на Ерменија. Тој беше стрелец на четвртиот гол за неговиот тим во победата над Ширак од 0:4.

Пјуник по 30 кола се наоѓа на второто место на табелата со 67 бода, три помалку од лидерот Урарту.

Играчот за врска влезе во игра во второто полувреме и успеа да погоди во судиското продолжение од мечот.

Scroll to Top