Top Sport

Стариџ е подготвен да замине од Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул Даниел Стариџ е подготвен во јануарскиот преоден рок е подготвен да го напушти клубот.

Јирген Клоп нема многу доверба во Стариџ, во ситуација кога недопирливи во нападот се Салах, Мане и Фирмино.

Стариџ минатите сезони имаше проблеми со повредите, а оваа сезона иако е здрав има одиграно само пет натпревари за „црвените“ во Премиер лигата.

Напаѓачот бара тим каде ќе може да игра за да избори место во англиската репрезентација која ќе настапи на светското првенство во Русија.

Меѓу клубовите кои се заинтересирани за услугите на Стариџ се шпанските Бетис и Валенсија, но проблем преставува неговата плата. Стариџ во Ливерпул има неделна плата од 200.000 евра.

Договорот на Стариџ со Ливерпул истекува за 18 месеци.

Scroll to Top