Top Sport

Мурињо му „фрлил око“ на Малком

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, би можел во зимскиот преоден рок да донесе нов играч во нападот, пренесуваат битанските медиуми.

Португалецот „му фрлил око“ на младиот Бразиелц од Бордо, Малком. Мурињо во јануарскиот преоден рок ќе може да потроши околу 80 милиони евра на засилувања, а според проценките цената на Малком изнесува 30 милиони евра.

Мурињо и во летниот преоден рок се обиде да ангажира крилен напаѓач, но не се договори со Интер околу Перишиќ.

Мурињо бил импресиониран од 20-годишниот Маклком, кој сезонава има постигнато седум гола за Бордо во Лига 1.

Сезонава по бочните позиции Мурињо најчесто ги користеше Маркус Рашфорд и Џеси Лингард, односно Хуан Мата. Доколку Малком пристигне на „Олд Трафорд“ некој од напаѓачите ќе мора да замине.

Scroll to Top