Top Sport

Стерлинг бил подготвен да го напушти Манчестер сити

Рахим Стерлинг му соопштил на Пеп Гаврдиола, дека во зимскиот преоден рок сака да го напушти клубот. Англиските медиуми тврдат дека Стерлинг сакал да се пресели на позајмица во Барселона, но само под услов Каталонците по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор од Манчестер сити.

Гвардиола има јасен став кога е во прашање Стерлинг. Тој не може да му гарантира место во првиот тим, смета дека крилниот напаѓач е важен за тимот, но истото го заслужуваат и останатите фудбалери.

„Не е моја работа да размислувам на оваа тема, а тоа не е ниту негова работа, ние треба да работиме на теренот. Доколку не незадоволен, тука се менаџерите, нивна работа е да преговараат, да му најде клуб, а потоа Сити и фудбалерот треба да најдат заедничко решение. Секогаш сум да се најде решение кое ќе ги задоволи сите страни“, рекол Гвардиола.

Барселона и новиот тренер Чави не го кријат интересот за Стерлинг, но проблем за клубот е платата на фудбалерот. Платата од 17 милиони евра е мислена именка за Барселона, која се соочува со големи финансиски проблеми.

Намерата на Барселона е да понудат некој од своите фудбалери. Сити не биле заинтересирани за оваа опција.

Можеби ситуацијата ќе се подобри по завршувањето на сезоната, но само под услов клубот да го напуштат Дембеле, Умтити, Ленгле, Брејтвајт…

Scroll to Top