Top Sport

Стерлинг ќе потпише нов договор

Манчестер сити и Рахим Стерлинг ја завршиле првата рунда на преговорите околу новиот договор што треба да го потпише напаѓачот. „Граѓаните“ на Стерлинг му понудиле неделна плата од 400.000 фунти, пишува „Телеграф“.

Актуелниот договор на Стерлинг со Манчестер сити истекува на 30 јуни 2023 година. Целта на клубот е со нов, финансиски богат договор, да ја исклучи секоја можноста 25 годишниот напаѓач да замине од „Етихад“.

Според некои проценки пазарната вредност на Стерлинг изнесува 160 милиони евра.

Рахим Стерлинг оваа сезона одиграл 24 натпревари во Премиерлигата на кои постигнал 11 голови.

Scroll to Top