Top Sport

Стерлинг поради Гомез отстранет од репрезентацијата

Рахим Стерлинг нема да игра за англиската репрезентација откако во кампот на националниот тим ја завршил „пресметката“ со Џо Гомез која започна во неделата на дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер сити.

Во текот на дербито англиските репрезентативци имаа вербална расправија која, доколку не интервенираа нивните соиграчи, можеше да заврши посериозно. Расправата продолжила и во националниот тим, поради што Стрелниг е отсранет од тимот.

„Емоцииите од неделниот меч се уште се свежи. Предизвик беше да го тргнеме ривалитетот од клубовите во националниот тим, тоа беше нашата снага. Решвме Рахим да не биде во составот за мечот со Црна Гора, в четврток. Чувствувам дека ова е вистинската одлука за тимот“, рекол англискиот селектор Герет Саутгејт.

Некои медиуми шпекулираат дека Стерлинг за гуша го фатил Гомез и дека нивните соиграчи биле шокиран поради физичката пресметка.

Англија во последните две кола во квалификациите игра против Црна Гора и Косово. На Англичаните им е потребна една победа за да изборат пласман на ЕУРО 2020.

Scroll to Top