Top Sport

Стерлинг во Челси

Челзи постигна договор со Манчестер сити околу трансферот на Рахим Стерлинг. Според „Атлетик“, Челеси за овој трансфер ќе издвои 56 милиони евра. 27-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со „сините“ и ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Англискиот репрезентативец на почетокот на неделата ќе биде подложен на лекарски преглед во Лондон, по што ќе отпатува за САД, каде ќе им се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја.

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, веќе разговарал со Стерлинг, а поранешниот член на Ситибилнаводно е импресиониран од визијата за фудбалот што му ја презентирал Германецот.

Во претходните седум години кога го носеше дресот на Сити, Стерлинг за актуелниот шампион на Англија постигна 131 гол на 339 натпревари.

Доаѓањата на Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез на „Етихад“ и жестоката конкуренција во Фил Фоден, Џек Гралиш и Ријад Махрез едноставно го принудија Стерлинг да си замине.

Поранешниот член на Ливерпул со Сити освои четири титули во Премиер лигата и ФА Купот и три во Лига купот.

Scroll to Top