Рахим Стерлинг го постигна единствениот гол за Манчестер сити да стигне до тешка, но заслужена 0:1 победа на гостувањето во Њукасл и да го зголеми водството на табелата во Премиер лигата на неверојатни 15 поени пред градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој вчера одигра 2:2 со Барнли.
Ова исто така е и неверојатна 18 победа едноподруго во Премиер лигата, со што тимот на Пеп Гвардиола ги руши сите англиски рекорди.
Њукасл јунајтед имаа две шанси во финишот на натпреварот, но тој помина во знакот на „граѓаните“ кои имаа неверојатни 80 отсто посед на топката.