Новата директорка на Њукасл јунајтед, Аманда Стевели открива дека саудиската фондација ПИФ разговарала за можно преземање на Интер, но дека веќе не се заинтересирани поради „мешаницата“ во Серија А.
Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ) ги презеде Њукасл во договор вредем 300 милиони фунти, но беа поврзувани и со преземање на Интер, но и Милан во Италија. Стевели, која е директор на „ПЦП капитал партнерс“ и десна рака во ПИФ вели дека интересот веќе го нема.
„Зборувавме со Интер и Милан, но проблемот е структурата на таа лига, која е катастрофална. Исто така ги разгледувавме и Бордо, но веќе не сме заинтересирани за Интер“, вели Стевели.
Шпекулациите дека ПИФ сака да го преземе Интер повторно се вратија по новите финансиски проблеми на кинеските газди „Сунинг“.
Amanda #Staveley: 'Il fondo #Pif ha parlato con l'#Inter, ma ora non è più interessato' https://t.co/0RaYpY0SkL pic.twitter.com/sOJLIISi0a
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 12, 2021