УЕФА го делегираше најдобриот македонски судија Александар Ставрев меѓу арбитрите што ја делат правдата на натпреварите што ќе се одиграат во четвртото коло, во Лига Европа.
Македонецот ќе ја дели правдата во Будимпешта на натпреварот во Х-групата помеѓу Ференцварош и ЦСКА Москва. Натпреварот ќе започне во 21 часот, а на Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов.
Ставрев веќе судеше еден натпревар во фазата по групи во Лига Европа. На 19 септември беше главен судија на дуелот Динамо Киев-Малме (1:0).