Невремето „Филомена“ прави многу проблеми во Мадрид, некои мечеви се откажани, има компликации и кога се во прашање трансферите.
Муса Дембеле, новата аквизиција на „јорганџиите“ доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, со право за откуп од 33 милиони евра. Тој пред своето доаѓање во Атлетико не можел да слета во шпанската престолнина, па морал да се спушти на аеродромот во Ваљадолид.
Дембеле доаѓа во тимот како замена за Диего Коста. Дембеле поникна од редовите на ПСЖ, но таму не доби вистинска можност. Професионалната кариера го носеше преку Фулам и Селтик до Лион. Таму за 108 меча постигна 45 гола.
Сепак, сезонава на 16 дуели има само една реализација.