Поранешниот менаџер на Њукасл, Стив Брус не остана долго време без работа, откако Вест Бромвич Албион го потврдија како нов тренер со 18-месечен договор во обид да ги крене на табелата и пак да ги донесе до шанса за влез во Премиерлигата.
Брус изјавуваше дека искуството во Њукасл го натерало да се повлече од менаџерската позиција, но сепак, ја прифати понудата на ВБА по отказот кој го доби Валериен Исмаел.
„Пресреќен сум што добивам шанса да работам со клуб со голема историја и традиција. Го познавам многу добро и подготвен сум за предизвикот“, изјави 61-годишниот поранешен дефанзивец на Манчестер јунајтед.
ВБА е 11-ти клуб на Брус во менаџерската кариера, и се израмни со легендарниот менаџеер на Астон вила, Рон Саундерс како менаџер на трите клуба од Бирмингем – Вила, Бирмингем сити и ВБА. Вест Бром се на 8 поени од првите две места во Чемпионшип (кои водат директно во Премиерлигата) и израмнет со поени од местата кои водат во плејофот.
We are delighted to announce the appointment of Steve Bruce as Manager on an 18-month contract.
Welcome, Steve. ??
— West Bromwich Albion (@WBA) February 3, 2022