Top Sport

Стив Брус се потсети кога навивачите на Астон вила го гаѓале со зелка!

Стив Брус, кој сега е тренер на Њукасл вечерва гостува со неговиот тим на „Вила парк“ против својот поранешен тим Астон вила, и тоа беше совршен момент да се потсети на времето кога навивачите на славниот англиски клуб го гаѓале со зелка!

Инцидентот се случил пред дуелот на Вила со Престон норт енд, кој заврши 3:3 и кој беше негов последен меч пред да биде отпуштен. Брус, инаку фудбалерска легенда на Манчестер јунајтед, кој бил тренер на повеќе тимови во првите две лиги во Англија, признава дека било тешко да се придобијат навивачите на Вила.

„Тоа беше еден од најлошите периоди во мојата кариера. Кога ме гаѓаа, прво мислев дека е топка, но потоа сфатив дека се работи за зелка. Како успеаја да ја внесат на стадион не ми беше јасно. Навивачите знаат да фрлат работи, но зелка? Но, следниот ден добив отказ и немав време да бидам лут за тоа. Тие се тешки навивачи. Голем клуб со голема поддршка и историја, но тогаш беше мешаница. Најтешката работа која сум ја вршел“, вели Брус.

Scroll to Top