Стив Брус повеќе не е тренер на Њукасл јунајтед. Клубот потврди дека со Брус спогодбено го раскинал договорот. Брус, го плати цехот на лошите резултати, тимот се уште нема победа во Премиер лигата. Новите газди не веруваат дека тој може да биде менаџерот кој ќе стои зад нивниот проект. Разделбата Стив Брус ја наплати со 10.000.000 евра.
Уште пред две недели, кога Њукасл јунајтед добија нов газда, започнаа шпекулациите околу можниот наследник на Брус. Брендан Роџерс и Рафаел Бентиез ја одбиле понудата исто како и Зинедин Зидан. Сега се шпекулира со Еди Хау, Грем Потер, Стивен Џерард, Френк Лампард.
Англиските медиуми, шпекулрата дека најсериозен кандидат за клупата на Њукасл е Паоло Фонсека. Поранешниот тренер на Шахтјор и Рома, во летниот преоден рок се поврзуваше со Тотенхем, но работата ја доби неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто.