Top Sport

Стив Мекларен се враќа во Јунајтед ако Ерик Тен Хаг ја добие работата

Доколку тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг биде промовиран во менаџер на Манчестер јунајтед, тоа може да значи враќање во клубот на Стив Мекларен, поранешниот помошник на Сер Алекс Фергусон (од 1999 до 2001), тврди „Гардијан“.

Тен Хаг, покрај Маурисио Почетино, претставува главен кандидат за испразнетото место по отказот за Оле Гунар Солскјер (откако Ралф Рангник доби титула на „привремен“ менаџер), а бидејќи Холанѓанецот нема искуство во Премиерлигата , за ментор би го земал поранешниот англиски селекор Стив Мекларен, кој е без работа од 2019 кога доби отказ од Кристал палас.

Тен Хаг, интересно, му беше помошник токму на Мекларен кога тој беше тренер на холандскиот Твенте, на кои првпат во историјата им ја донесе титулта од Ередивизие. Мекларен неодамна го спореди Тен Хаг со Пеп Гвардиола.

„Технички тој е неверојатн добар. Работеше со Пеп во Баерн Минхен и ја презеде неговата филозофија, а дури доби прекар ‘Мини Пеп’. Мислам дека е подготвен“, изјави Мекларен.

Scroll to Top