Лео Меси објави дека ќе „паузира“ од националниот дрес, одлука која предизвика голем број на реакции, посебно бидејќи се работи за второ откажување за ѕвездата на Барселона.
Поранешниот фудбалер на Барса, легендарниот Христо Стоичков во изјава за „Оле“ вели дека без Меси Аргентина ја чека „национална катастрофа.
„Ако Меси се откаже од Барселона, тие нема да победат три години. Прво мора да воспостават модел на фудбалот. Дали ќе сакаат да зависат од Меси или од 22 фудбалери. Аргентинскиот фудбал мора да има структура за развој“, вели Стоичков.
Тој исто така не верува дека Меси ги бирал фудбалерите со кои ќе игра на СП во Русија.
„Мислам дека тоа е обична лага која некој ја измисли претходно и не знам зошто остана. Дали јас бидејќи сум му пријател ќе станам новиот аргентински селектор? Неверојатно“, вели Стоичков.