Top Sport

Стоичков: Дембеле ги измами луѓето, тој не знае да игра фудбал

Христо Стоичков, легендата на Барселона, изјави дека со нерпение чека Усман Дембеле да си замине од „Ноу Камп“.

Усман Дембеле е пред трансфер во ПСЖ. Поради одлуката да го напушти клбот, многу фанови на Барселона едвај чекаат да го видат грбот. Меѓу нив и Христо Стоичков.

Поранешниот освојувач на Златната топка и славниот напаѓач на каталонскиот клуб жестоко го нападна Французинот во една емисија. Стоичков, смета дека Дембеле не го почитува. Четири и и пол години со Дембеле, за тоа време комплетно одигра 20 натпревари. За четири и пол години! Да играше во мое време, ќе ми ги чистеше копачките. 108 натпревари беше повреден, даде 18 гола и 16 асистенции. Извинете, 140 милиони плус бонуси“, рече лутиот Стоичков.

Се присети кога во 1990 година од ЦСКА Софија тој пристигнал во Барселона. Во првата сезона постигна 22 гола и научил се за историјата на клубот.

„Научив да знам што е Барселона. Научив за ерата на Кубала, за Караско, Ханс Кранкл, Линекер, Хозе Марија Бакеро, за Хулио Салинас… Ја знаев историјата на Барселона. А ти? Никогаш нема да разбереш што е Барселона, така ти вели Христо Стоичков! Ако не сакаш да останеш во Барселона, барем не го резили овој грб. Кажи дека не сакаш да бидаш тука, фрли го дресот и оди си“, рече Стоичков.

Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња не застана тука, туку рече и дека се сомнева во фудбалските квалитети на Дембеле, за чии услуги ПСЖ ќе издвои 50.000.000 евра.

„Ги измамими луѓето дека знаеш да играш фудбал, тоа го кажувам затоа што играв на таа позиција. Не се ни обиди да научиш нешто за играчите кои играа на твојата позиција пред тебе. Господине Лапорта, отворете ја вратата и пуштете го да си оди“, заклучи легендарниот напаѓач.

Scroll to Top